50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ - ОА - 7 PDF Печати
Вести
Prosiruvanje_pat-1

21.04.2017

СЕ ПРОШИРУВА И УРЕДУВА ПАТОТ ДО СВЕТИ ЈОВАН ПРЕТЕЧА

Во должина од над 3 километри, деновиве интензивно се работи на уредување на патот до манастирскиот комплекс Свети Јован Претеча кај Слепче. Во целата должина, од градот Демир Хисар, па се до влезот пред манастирот, екипа на косачи од „Комуналец“ и од Општината, од завчера започна со косење на тревата, троскотот и други дрвни израстоци на банкините од двете страни на коловозот. 

Исто така, со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот пред и за време на големиот настан што ќе се одржи на 30. април, Општината зангажира и градежна механизација којашто неколку денови изведува земјени работи на проширување на коловозот на критичните места, како и положување на тампон на поголемите оштетувања и проширување на стеснувањата на поопасните кривини.

Prosiruvanje_pat-2Заради нараснатите потреби, специјално за овој настан, Општината и Манастирот изградија ново паркиралиште што за овој настан ќе се користи за ВИП гостите.

На 30. април, во манастирот Свети Јован Претеча ќе се одржи голем црковно-народен собор на кој што ќе биде извршена канонизација на свештеномаченикот Кипријан Слепченски и осветување на камен - темелникот на новиот конак со параклис во дворот на Манастирот. На овој настан, покрај огромниот број посетители од целата земја, ќе присуствуваат највисоките црковни великодостојници на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, претставници на највисокиот државен врв, Македонската академија на науките и уметностите, амбасадори како и други високи претставници на јавниот, културниот и политичкиот живот на државата, регионот и општината Демир Хисар.

Prosiruvanje_pat-3

Prosiruvanje_pat-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер