50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА - 8 PDF Печати
Вести
Brifing_so_igumenot-1

24.04.2017

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ИГУМЕНТОТ НА РЕДОВЕН БРИФИНГ

Во рамките на интензивните подготовки пред престојниот голем настан што ќе се случи в недела во манастиорот Свети Јован Претеча, градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски кого го придружуваше директорот на ЈКП „Комуналец“ Пецо Наловски, имаше неколкучасовна тет - а - тет средба со игуменот Серафим. Тие разговараа за текот на подготовките и ги координираа заедничките активности, се со цел, што подобар и поорганизиран пречек , престој и испраќање на илјадниците посетители.

Во оваа пригода игуменот Серафим ги соопшти и прогнозите на манастирската обител за бројноста на посетата на неделниот голем сенароден собор. Иако е тешко да се даде било каква приближна бројка, сепак, во својот дел на обврски, Отец Серафим рече дека очекува неколку илјади посетители од целава замја. Тој се надева дека во заедничка координација со Општината и поддршката од Митрополија (Преспанско пелагониска Епархија), колку и да дојдат, сите ќе бидат добредојдени и ќе им се организира успешен пречек, како за високата црковна делегација што ќе ја предводи архиепископот Стефан, така и за државната делегација од највисоко ниво, високите претставници на научниот, академскиот, културниот, просветниот и забавниот живот на Република Македонија.

Чинот на канонизација, односно впишување во диптихот на светите на сеправославниот Свештенимаченик, Игумен на Слеченската обител Кипријан Слепченски и осветувањето на камен темелникот на новиот конак со параклис што ќе се случи в недела на 30ти април, всушност го означува и почетокот на одбележувањето на 50 годишнината од возобновувањето на афтокефалноста на Македонската Православна Црква во духот на Охридската Архиепископија.

Brifing_so_igumenot-2













Brifing_so_igumenot-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер