50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА - 10 PDF Печати
Вести
index

25.04.2017

СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ

Никој не може ни приближно да предвиди, колку верници ќе допатуваат во Свети Јован Претеча на неделниот голем и редок верски настан. Но за да се направи сообраќаен метеж, доволен е само еден голем автобус од било кои причини да застане на коловозот и цел сообраќај да се парализира.

Од овие причини градоначалникот, неговите соработници и игуменот Серафим сериозно размислуваат да предложат решенија за воведување посебен сообраќаен режим. Така, речиси е сигурно дека големите автобуси нема да се пуштаат во Слепче, а ни случајно до Манастирот. Односно, ќе се стопираат во Демир Хисар, кај Автобуската станица од каде што, за сите патници од автобусите, Општината ќе организира бесплатен превоз до Манастирот со минибуси и патнички комбиња.

Дополнителен метеж во сообраќајот се очекува да се предизвика и со пропустот на специјалните возила од придружбата на возилата на високите црковни и државни делегации.

За сето ова ќе се разговата на состанокот што ќе се одржи во кабинетот на градоначалникот Љупчо Блажевски со претставници на локалната полиција која треба да го регулира сообраќајот, односно да предложи дополнителни мерки за регулирање на сообраќајот.

Едно е сигурно, големи автобуси нема да се пропуштаат. Како и да е, за демирхисарските посетители и Слепчени, најдобар и најсигурен превоз ќе биде пешачењето
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер