50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА - 11 PDF Печати
Вести
17992261_207384246431521_4064323366656523157_n

25.04.2017

НАСТАНОТ ЌЕ ГО ОБЕЗБЕДУВА „НИКОБ“

Реномираната домашна и најстара агенција за обезбедување „НИКОБ“ од Скопје ќе се грижи за безбедноста на посетителите на неделната канонизација во манастирот Свети Јован Претеча.

Тим од повеќе од 10 стручно – лиценцирани лица за физичко обезбедување ќе се грижат за комплетниот ред и мир за време на одржувањето на сите процесии што ќе се случуваат в недела во времето од 08:30 до 14 часот кога се очекува да заврши службениот и уметничкиот дел од настанот.

Посебно за истакнување е тоа што оваа Агенција, како општествено одговорна компанија, за овој настан своите услуги ги понуди бесплатно.

Ова денеска го договори Кабинетот на градоначалникот на Општина Демир Хисар, а сè со цел што подобра организација на целиот настан.

НИКОБ, агенцијата за обезбедување лица и имот, е основана во 1998 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста, стабилноста и професионалноста е одлика на компанијата од почетокот на нејзиното работење. Тоа е единствениот предуслов НИКОБ, 15 години да е број еден агенција за обезбедување на имот и на лица во Македонија. Нивната политика во работењето се заснова на квалитет на услугите кои ги нудат, користење напредна технологија и достапност за сите.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер