50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ - ОА - 14 Печати
Вести
Za_vecerna_bogosluzba

25.04.2017

В САБОТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА

Во предвечерието на големиот настан, прогласување за светец на Свештеномаченикот, Игумен на манастирот Свети Јован Претеча, Кипријан Слепченски, во манастирската црква ќе се одржи вечерна богослужба.

Според црковниот протокол за служби, вечерта ќе служат Епископ Хераклејски г. Климент, Архимандрит Никола, Протоереј ставрофор Никола Грамбозов, Игумен Серафим, Протоереј Никола Михајловски, Протоереј Кирил Трајковски, ереј Тони Смутковски, Протоѓакон Драган Ѓорѓиовски и Ѓакон Ѓорѓи Делев.

Вечерната богослужба ќе започне во 17:00 часот.
За сите присутни верници, манастирот ќе обезбеди манастирска вечера.