50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ - ОА - 15 PDF Печати
Вести
bus-lg

28.04.2017

АВТОБУСИТЕ ЌЕ СООБРАЌАЈАТ САМО ДО ДЕМИР ХИСАР

Градоначалникот Љупчо Блажевски и командирот на Полициската станица од општа надлежност Зоран Милевски имаа едночасовен работен состанок. Единствена тема на состанокот беше големиот црковно - народен собор што ќе се одржи в недела во манастирот свети Јован Претеча кај Слепче, односно сите аспекти од сферата на контролата и регулирањето на сообраќајот.

Заеднички беше констатирано дека не постојат никакви претпоставки, по локалниот пат од Демир Хисар до Манастирот во должина од околу 5 километри да сообраќаат големи туристички автобуси бидејќи, и покрај тоа што се извршени неколку проширувања, на делницата од Слепче, патот е прилично стрмен и со големи и на места тешко совладливи свиоци. Ако се има предвид и тоа дека по овој пат ќе се движат и други моторни патнички и специјални возила, а во Слепче не постои поширок простор за маневрирање, градоначалникот и командирот донесоа заедничко решение, големите туристички автобуси да се задржуваат во Демир Хисар, односно до паркингот кај поранешниот хотел и автобуската станица.

Општина Демир Хисар презеде обврска, за сите патници од автобусите да организира превоз со 4 минибиси со 20 седишта и две патнички комбиња со помал капацитет. Минибусите и комбињата ќе се движат во конвој што ќе го предводи специјално полициско возило.

Им се препорачува на туристичките агенции коишто ќе организираат превоз до Демир Хисар, да ги известат своите патници за овој режим на сообраќај, а на граѓаните од Демир Хисар и Слепче, им се апелира, в недела да се воздржат од користење на моторни возила.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер