50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ - ОА - 17 PDF Печати
Вести
18192641_210534049449874_67525182216092119_o

IMG_215330.04.2017

МПЦ ГО ПРОГЛАСИ КИПРИЈАН СЛЕПЧЕНСКИ ЗА СВЕТЕЦ

Македонската православна црква в неделата, на 30. април во манастирот во Слепче го канонизира за нов светител Игуменот Кипријан Слепченски, кој пострадал маченички за православната вера. За овој Игумен македонската јавност дозна по истражувањата што ги направил Виктор Недески, теолог, асистент на Богословскиот факултет во Скопје и докторанд на Универзитетот Аристотел во Солун. Свети Киријан маченички пострадал во XVIII век, во 1780 година кога на Велики четврток бил нападнат манастирот.
-Житиен текст е составен врз основа на податоците од споменатиот запис во кој се опишува настанот кој се случил на Велики четврток во 1780 г.: свирепиот напад на манастирот, заробувањето, измачувањето на игуменот Кипријан и неговиот блажен крај. Особено е впечатлив и трогателен начинот на кој бил измачуван свети Кипријан.

sv-kiprijan-520x674 Тој бил горен со оган кој бил запален од манастирските свеќи, сè со цел бавно да страда, за на тој начин да се поколеба во верата и да се откаже од Христа. Меѓутоа свети Кипријан покажал цврста вера и надчовечко трпение, како што е опеано и во богослужбата, и ни најмалку не се поколебал во верата ниту кога бил удиран од мачителите, ниту, кога бил горен од пламенот на свеќите, но сето тоа смело го поднел, знаејќи дека за привремените страдања заради Христа, на небесата го очекува вечен и нераспадлив светителски венец. Впечатливо е тоа што ваквиот начин на мачење на светителот е видлив и на неговите сочувани мошти, вели теологот Виктор Недевски.

Преподобниот Кипријан најпрво бил монах, а потоа и игумен во Слепченскиот манастир. За неговото потекло нема податоци. Од податоците што се достапни се гледа дека бил ревносен, пожртвуван и исполнителен монах кој покажувал особена грижа за духовниот живот во ова древно светилиште кое е еден од најголемите стожери на словенската книжевност во Македонија. Покрај тоа, монахот Кипријан покажувал и голема грижа за манастирскиот имот и вредните манастирски реликвии во едно особено тешко и кризно време каква што била втората половина на XVIII век. Како богољубив и родољубов пастир, Кипријан особено заблескал по неговиот избор за игумент на Слепченскиот манастир. Својата пожртвуваност за Бога и ближните ја покажал особено во пролетта во 1780 г. кога манастирот бил нападнат од група разбојници муслимани од околината на Корча, денес во Албанија. Разбојниците го ограбиле и опустошиле манастирот, а игуменот Кипријан го мачеле, принудувајќи го да се откаже од Христовата вера. Останувајќи непоколеблив, тој им подлегнал на раните и го завршил својот земен живот.

Во манастирот Св. Јован Претеча кај Слепче, на 30. април беше извршена канонизација (прогласување за светител) на Св. Кипријан Слепченски.

На службата чиноначалствуваше aрхиепископот oхридски и mакедонски г.г. Стефан во сослужение на останатите митрополити и епископи на МПЦ – ОА, како и архимандрити, чесното свештенсатво и ѓаконство на помесната црква. Целиот настан којшто блескаше со целата величенственост, го организираа Преспанско - пелагониската Епархија, манастирската обител на Свети Јован Претеча и Општина Демир Хисар.

18209266_210473219455957_3627705462996874665_o

Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА со која Св. Кипријан Слепченски се запишува во списокот на светите беше  соопштена во текот на Светата литургија, а потоа беше и осветена првата икона на светиот што ја изработи сестринството на Манастирот. По завршувањето на Литургијата, во дворот на Манастирот, во присуство на илјадници верници, се одржа осветување и поставување на камен - темелник на новиот конак со параклис посветен на Свети Кипријан Слепченски.

Во културно - ументичкиот дел од свеченоста, со специјален говорно - музички пеформанс настапија актерот Владо Јовановски, етно - групата Синтезис и членови на КУД „Илинден“ од Демир Хисар.

За сите присутни верници, манастирот организира трпеза.

Канонизацијата на Св. Кипријан кој на 30 април 1780 година маченички пострада за православната вера е првата свечена активност, во програмата за одбележување на 50 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

18192641_210534049449874_67525182216092119_o

18209059_210683732768239_2085024319904922896_o

18193083_210533356116610_5847082608885032558_o
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер