50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ - ОА - 18 PDF Печати
Вести
Dok._film-1

04.05.2017

МАКЕДОНСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА СНИМИ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

По неделниот голем и величествен настан што се одржа во манастирот свети Јован Претеча, а по повод канонизацијата на Св. Кипријан Слепченски за нов светец на МПЦ, документарната редакција на Македонската телевизија покажа дополнителен интерес за историските, научните и духовните аспекти на овој несекојдневен настан.

По тој повод, телевизиска екипа од режисер, новинар и снимател, два дена престојуваше во Демир Хисар регистрирајќи значајни артефакти и црковни објекти во манастирите Свети Јован Претеча кај Слепче и Св. Атанасиј кај Журче.

Како дел од овој проект, со свои афтентички научни откритија, сведоштва и сознанија учествуваа познатиот византолог, проф. д-р Сашо Цветковски од Центарот за истражување при МАНУ и м-р Виктор Недевски, теолог и асистент на Богословскиот факултет и автор на житието за Св. Кипријан Слепченски, како и игуменот Серафим и дел ос сестринството на Манастирот.

Dok._film-2

Во дел од проектот учествува и градоначалникот Љупчо Блажевски кој говори за напорите и резултатите што општината ги вложува и постигнува последниве години во смисла на промоција и афирмација на туристичките потенцијали и непроценливото културно наследство на општината.

Документарната редакција на јавниот сервис ќе подготви специјална емисија во две продолженија, како и краткометражен документарен филм во траење до 30 минути. Филмот ќе биде промовиран на отворањето на годинашното Демирхисарско културно лето што годинава по четврти пат традиционално ќе се одржи на Иванден, 7. јули, во манастирот Св. Јован Претеча.

Dok._film-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер