ЧЕСТВУВАЊЕ - 114. ГОДИНИ ОД СМИЛЕВСКИОТ КОНГРЕС PDF Печати
Вести
Poklonenie-sm._kongres-1

07.05.2017

ПОКЛОНЕНИЕ ВО СМИЛЕВО

По повод 114. годишнината од одржувањето на Смилевскиот конгрес (02 – 07 мај 1903), денеска во легендарното и историско Смилево, Општина Демир Хисар го одржа традиционалното чествување.

Најпрвин , градоначалникот Љупчо Блажевски положи цвеќе и се поклони пред спомен костурницата на Даме Груев, претседател на Конгресот, потоа пред споменикот на смилевските Илинденци и пред споменикот во спомен – паркот „Даме Груев“.

Во името на Советот на Општина Демир Хисар, цвеќе положи секретарот на општината, Љупчо Ангелевски.

На денешното чествување коешто се совпадна и со одбележувањето на денот на Македонската полиција, присуствуваше и делегација на Министерството за внатрешени работи, односно, Секретаријатот за внатрешни Poklonenie-sm._kongres-2работи во Битола што ја предводеше началникот Методија Атанасовски. Делегацијата, исто така, пред споменичните обележја во Смилево, се поклони и положи цвеќе.

Во името на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Демир Хисар и како претставник на претседателот, на чествувањето присуствуваше и положи цвеќе членот на ОК Кире Ристевски.

Членовите на Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев, традиционално и во поголем број присуствуваа на чествувањето и се поклонија и положија цвеќе пред спомениците во Смилево

Како што беше најавено, по повод 114. годишнината од одржувањето на овој важен историски настан, пред споменикот на Даме Груев во спомен – паркот во Смилево, се одржа историски час на којшто говореше историчарот Ристо Груевски, претседател на Здружението „Даме Груев“

За време на престојот во Смилево, градоначалникот Блажевски се сретна и разговараше со граѓани на Смилево и при тоа, покрај другото, ги информира за текот на градежните активности на патот до манастирот Св. Петар којшто, доколку се се одвива според градежната динамика, се очекува да биде завршен до првата половина на јули, односно до почетокот на втората половина од оваа година.

Poklonenie-sm._kongres-4
Poklonenie-sm._kongres-3
Poklonenie-sm._kongres-5
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер