КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Вести
Odvoden_kanal-1

15.05.2017

ОПШТИНАТА ЌЕ ГО УРЕДУВА ОДВОДНИОТ КАНАЛ КАЈ СТАДИОНОТ

Најдоцна до среда ќе започнат градежните работи на уредување на одводниот канал кај градскиот стадион. 
Во должина од 110 метри, почнувајќи од мостот на регионалниот пат, најпрвин ќе се изврши детално чистење, проширување и издлабување, а потоа ќе се започне со изградба на коси каменобетонски ѕидови од двете страни и на дното од каналот. Зависно од конфигурацијата на теренот, на некои места каналот може да достигне длабочина и до 2 метри. Од практични, естетски, но пред се безбедносни причини, од двете страни на каналот, ѕидовите ќе имаат прописна косина.

Исто така во рамките на овој сериозен градежен зафат што целосно го финансира општината, ќе биде изграден уште еден мост за пристап на специјални возила (брза помош, пожарна, полиција и сл.).

Целиот проект ќе чини 1 милион и 300 илјaди денари, пари што се обезбедени во општинскиот Буџет.

Odvoden_kanal-2

Досегашниот таканаречен одводен канал, и во најзлатните општински фудбалски времиња беше грдото лице на градскиот стадион во Демир Хисар - потенцијален извор на зарази, „собиралиште“ на секакви отпадни води и врталиште на пренесувачи на зарази.

- Со изградбата на одводниот канал, реконструкцијата на градскиот стадион што е во полн ек, како и претстојната изградба на тениско и баскет игралиште, ќе се финализира комплетената и посакувана надворешна и внатрешна физиономија на новиот општински спортски центар вели градоначалникот Љупчо Блажевски.

Odvoden_kanal-3

Odvoden_kanal-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер