ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати
Вести
Smilevo-nov_pat-probivanje-1

01.06.2017

СЕ ПРОБИВА ТРЕТИОТ КИЛОМЕТАР ПРЕД „СВЕТИ ПЕТАР“

Тешка градежна механизација интензивно изведува земјени работи на пробивање на новиот пат до манастирот Свети Петар кај Смилево – инвестиција на Општина Демир Хисар и Европската унија.

Според зборовите на одговорните лица и машинистите, во моментот на посетата на градоначалникот Љупчо Блажевски и заедничкиот увид на работите со надзорот на Општина Демир Хисар, пробиени се 2740 метри што отприлика е половина од целата должина на патот.

Но, како што беше информиран градоначалникот Блажевски, со оглед дека на теренот се појави поровливо и некарпесто земјиште, се очекува работите да напредуваат побрзо.

На потегот од пробиениот терен се простира земјена траса со здрава карпеста подлога на планумот на некои места широка повеќе од 10 до 15 метри и со уште поголеми проширувања за разминување на секакви моторни возила.

Smilevo-nov_pat-probivanje-2

- Со оглед на обемноста и сериозноста на овој голем градежен зафат, очекувам до Петровден кога е славата на Манастирот (12.07), целата траса да биде пробиена, а земјениот коловоз да биде нивелиран и тампониран што ќе значи проодност на патот во двата правци. Се надевам дека на Илинден ќе имаме голема и повеќекратна причина за голема прослава – вели градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски.

Патот ќе биде долг 5699 метри, широк 3,5 метри, со банкини од тампониран слој во широчина од по 75 сантиметри и 18 пропусти за прифаќање на атмосферските води.

260 илјади евра се обезбедени од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови и истите се администрирани според правилата на Светска банка, а остатокот до 468.828 евра, колку што изнесува проценетата вредност, како долгорочно кредитно задолжување, ги обезбеди општината.

Smilevo-nov_pat-probivanje-4
Smilevo-nov_pat-probivanje-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер