КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Вести
Pazar-1

07.06.2017

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО ДЕМИР ХИСАР

По речиси 40 години откако е изграден во почетокот на 80те години, наскоро ќе се изврши целосна реконструкција на гратскиот пазар во Демир Хисар.
Преку Пелагонискиот плански регион, Општина Демир Хисар ја обезбеди речиси целокупната финансиска конструкција за овој реконструктивен зафат којшто треба целосно да го промени ликот на дотраениот, руиниран и несоодветен за својата намена гратски пазар во Демир Хисар.

Реконструкцијата ќе опфати целосно заменување на постојните тезги, оградна и покривна конструкција над главната плоштадка, влезни порти од четирите страни, електрична инсталација со осветление, како и санитарен јазол - проблем што остана без решение уште од изградбата до денес. 
Санитарниот јазол ќе се гради како засебен проект, паралелно со реконструкцијата, а како целосна инвестиција на општината.

Проектната вредност на реконструкцијата на пазарот без санитарниот јазол изнесува околу 6.200.000 денари. Општината се обврза да обезбеди сопствено учество од околу 120 до 150 илади денари, како и комплетно финансирање на изградбата на санитарниот јазол.

Pazar-2

На 31. минатиот месец се објави огласот за јавна набавка, односно за избор на најповолен изведувач кој ќе биде избран најдоцна до крајот на јуни. Што ќе рече избраниот изведувач ќе биде обврзан да ги заврши реконструктивните работи најмногу за 60 дена.

Pazar-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер