СПОРТ И МЛАДИ PDF Печати
Вести
Moto_kros-1

07.06.2017

ЌЕ СЕ УРЕДУВА МОТО КРОС ПАТЕКА

На просторот на некогашната песокарска база на смилевската задруга кај Белче, првпат ќе се уредува мото крос патека.

Всушност, два - тројца демирхисарски пасионирани крос моторџии, самоиницијативно и на сопствен трошок уште минатата година на овој простор каде што пред неколку години беше депонирана поголема количина земја од изградбата на спортската сала, трасирале мото крос патека и повремено рекреативно возат со своите мото крос машини.

- Има и други заинтересирани за да купат крос мотори и да нѝ се приклучат, но нѝ треба помош во механизација и изведба на дополнителни земјени работи, како и тампонирање на пристапниот пат - велат Дончо Дрмоновски познат демирхисарски моторџија и иноватор и помладиот мотокросист, Васе Талевски кои со својата упорност и ентузијазам поттикнаа интерес кај градоначалникот Љупчо Блажевски.

Moto_kros-2

Деновиве градоначалникот Блажевски излезе на терен и изврши увид на состојбата на постојната мото крос патека, којашто, како што рече, иако сеуште нема регулиран правен статус, за рекреативните потреби на демирхисарските моторџии ќе се извршат извесни интервенции.

Мото крос патеката посебно атрактивна ја прават близината на Црна Река и близината до регионалниот пат за Кичево, односно Крушево.

- Во текот на летово, можна е организација на ревијална трка на кросисти од Битола, Прилеп и другите соседни градови, велат Дончо и Васе.

Moto_kros-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер