ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА PDF Печати
Вести
Sostanok_vo_MANU-1

08.06.2017

СОСТАНОК ВО МАНУ - БЛАЖЕВСКИ СЕ СРЕТНА СО ЦВЕТКОВСКИ И КАСАПОВА

На околу еден месец пред официјалниот почеток на првата Демирхисарска летна школа, градоначалникот Љупчо Блажевски вчера во Македонската академија на науките и уметностите имаше работна средба со научниот раководител на Школата, познатиот македонски византолог, проф. д-р Сашо Цветковски и професорката на Архитектонскиот факултет, проф. д-р Елизабета Касапова.

Тема на состанокот беа актуелни прашања поврзани со почетокот на летната школа, како и подготовките околу издавањето Зборник на научни трудови презентирани на Меѓународниот научен симпозиум што во организација на Општина Демир Хисар се одржа во 2015 година. Зборникот ќе биде промовиран на 7. јули, Иванден, во манастирот Св. Јован Претеча, на денот на свеченото отворање на IV Демирхисарско културно лето.

Исто така, на состанокот беа договорени и деталите околу претстојната промоција на документарниот филм „Духовни мироточенија“ во продукција на Македонската телевизија. Филмот првпат јавно ќе биде прикажан и промовиран, исто така, на 7. јули, Иванден во манастирот Св. Јован Претеча.

Sostanok_vo_MANU-2

По завршувањето на состанокот, градоначалникот Блажевски беше примен од претседателот на МАНУ, академик Таки Фити. На средбата, градоначалникот Блажевски го информира претседателот на највисоката македонска научна институција за текот на подготовките околу печатењето на Зборникот, како и одржувањето на првата Демирхисарска летна школа којашто, исто така, е поддржана од МАНУ.

Во текот на вчерашниот ден градоначалникот Блажевски се сретна и со проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, редовен професор на Филозофскиот факултет и проф. д-р Викот Лилчиќ, актуелен директор на Републичката управа за заштита на културното наследство и редовен професор на Филозофскиот факултет, катедра за историја на уметност и археологија кои заедно со проф. д-р Елизабета Касапова и проф. д-р Сашо Цветковски, ќе бидат предавачи на Школата.

Sostanok_vo_MANU-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер