СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА PDF Печати
Вести
Tableti-1

09.06.2017

ТАБЛЕТИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ ЖИТЕЛИ НА ЗАШЛЕ

Ирена и Јована се најмладите жители на Зашле - селото каде што повеќе од 20 години немало свадба. Идиличната високопланинска тишина пред 10-ина години првпат ја „наруши“ бебешкиот плач на Ирена и Јована, двете ќерки на Ристо и Мартина Поповски. Повосрасната 10. годишна ќерка Ирена деновиве со одличен успех го заврши четвртото одделение, а 6. годишната Јована се спрема наесен да го започне школувањето во прво одделение. Двете сестрички од понеделник до петок со нивната мајка родум од Албанија живеат во Сопотница во нивната куќа бидејќи училиштето во Зашле е одамна затворено, а речиси секој викенд се враќаат кај татко им кој преку цела година произведува вар за да го прехрани семејството.

- За време на летниот распуст сите сме заедно во Зашле, овде нѝ е поубав и помирен животот. Децата, исто така се со нас и одвреме - навреме ги носиме во Сопотница за да ја исчистат куќата, да ја навадат градината и да обезбедат основни животни намирници - вели 53. годишниот Христо кој, како што додава, на старост решил да си побара невеста во Албанија со која што среќно и задоволно се во заеднички живот повеќе од 10 години и подигнале две прекрасни ќеркички.

Tableti-2

При нашата посета на Зашле, селото за коешто не знаеш во кое годишно време е поубав животот на над 1200 метри надморска висина, ги сретнавме на сретсело каде што ги пречека Христо кого го придружуваше градоначалникот Љупчо Блажевски.

- За семејството на зашланецот Христо слушнав убави вести од моите соработници, а посебно ме израдува податокот што во ова семејство, првпат после повеќе од две децении и ова лето ќе се слуша детски џагор. Во знак на признание за успешно завршената учебна година на Ирена и поаѓањето на Јована во прво одделение следната есен, им предадов по еден пригоден комплет изненадувања. Убаво е да слушнат вакви вести и да се следат ваквите примери на враќање на животот во селата во демирхисарско - вели градоначалникот Блажевски кој на сестричките Ирена и Јована им подари по еден таблет компјутер.

- Сега и од Зашле ќе можеме да бидеме во контакт со нашите другарчиња во Сопотница бидејќи со сестра ми, од градоначалникот добивме по еден таблет. Вели штотуку завршената четвртоодделенка Ирена која вети дека ќе ја подучува нејзината сестричка како правилно да го користи таблетот.

Tableti-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер