ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА PDF Печати
Вести
prvenec-1

13.06.2017

МАРТИН АНЃЕЛЕВСКИ Е ОПШТИНСКИ ПРВЕНЕЦ

Завршениот деветтоодделенец од основното училиште „Гоце Делчев“ Мартин Анѓелевски е првенец на генерацијата ученици 2016/2017 во Општина Демир Хисар. Изборот беше извршен во конкуренција на деветтоодделенците од сите општински основни училишта за постигнат континуиран успех со просечна оцена 5,00.

Но Мартин ова високо и престижно општинско признение не го доби само за постигнатиот успех туку и за неговиот огромен придонес за афирмација на своето училиште преку учество на голем број општински, регионални, државни, па и меѓународни натпревари по биологија, хемија и математика.

Најголем успех постигнал на државните натправари каде што го има освоено II. и III место, како и II. Место на меѓународниот натпревар по математика.

Ова скромно момче има големи планови во животот. Го прашавме каде и во која професија се гледа после 8-10 години, ни одговори дека посебно ги сака природните науки, и би сакал да стане доктор по математика, односно, универзитетски професор по математика.

На денешниот прием што во негова чест го организира градоначалникот Љупчо Блажевски, му беше предаден ваучер во износ од 5000 денари со искрени и срдечни пожелби и честитки за големи успеси во претстојните академски години и, се разбора, остварување на сите желби и визии.

На приемот присуствуваа директорот на училиштето Никола Најдовски и помошник директорот за настава, Билјана Блажевска

prvenec-2

prvenec-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер