СПОРТ И МЛАДИ PDF Печати
Вести
Stadion-1

13.06.2017
РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СТАДИОНОТ Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Поставувањето на рефлекторското осветление беше една од посложените и покрупни „операции“ во реконструкцијата на градскиот стадион во Демир Хисар. Благодарение на поволните временски прилики што овозможија пристап и поставување на големата дигалка, деновиве на четирите бетонирани анкери беа подигнати четирите столбови со по четири моќни рефлектори.

Паралелно со рефлекторското осветление, се заврши и поставувањето на бекатон плочникот што се протега од влезот кај старото мосте, па сè до гледалиштето.

Во соблекувалните заврши поставувањето на внатрешното осветление, а пред неколку дена целосно завршија занатските работи околу поставувањето на санитаријата и внатрешната ПВЦ столарија.

Stadion-2

Како краен, односно завршен зафат ќе биде валјањето, односно таканареченото пеглање на теренот што ќе го изврши општината откако објектот ќе биде технички примен и предаден на општината.

Ако се задржи оваа динамика, реконструкцијата може да се очекува да заврши најмногу за 20ина дена.

Stadion-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер