ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати
Вести
Smilevo-pat-1

27.06.2017

СЕ ПРОБИВААТ ПОСЛЕДНИТЕ 800 МЕТРИ

Најдоцна до крајот на овој месец целосно ќе биде пробиен новиот пат до манастирот Св. Петар кај Смилево. Денеска продолжи ископот на трасата од којашто останаа непробиени уште околу 800 метри.

Градоначалникот Љупчо Блажевски го посети градилиштето за лично да се увери за текот и квалитетот на градежните работи.

- Заедно со изведувачот правиме напори, пред годинашното чествување на Петровден да се постави еден слој тампон со цел полесно движење на сите видови моторни возила - вели градоначалникот Блажевски.

Темпото со коешто се изведуваат градежните работи наредниов период се очекува да биде позабрзано бидејќи трасата ќе биде целосно пробиена и ќе се пристапи кон изведување на други подготвителни активности.

Smilevo-pat-2

При посетата на градилиштето, градоначалникот Блажевски го посети и манастирскиот комплекс и изврши увид на состојбата на конаците и манастирската црква.

Smilevo-pat-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер