КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Вести
Toaleti-2

28.06.2017

ОПШТИНАТА ГО ОБЈАВИ ТЕНДЕРОТ ЗА ТОАЛЕТИТЕ ВО ГРАТСКИОТ ПАЗАР

Од вчера, па најдоцна до 10ти идниот месец, заинтересираните градежни компании ќе можат да поднесуваат понуди за изградба на првиот јавен тоалет во Демир Хисар.

Паралелно со реконструкцијата на Гратскиот пазар во Демир Хисар за којашто постапката за избор на најповолен економски оператор ја води Пелагонискиот плански регион и е во завршна фаза, по повеќе од 30 години чекање, ќе започне и најавената изградба на јавните тоалети.

- Предвидовме и обезбедивме околу 10 илјади евра за да изградиме комплетен јавен санитарен јазол кај гратскиот пазар. Сите пари се од граѓаните, а како одговор на нивните повеќедецениски барања и потреби - вели градоначалникот на општина Демир Хисар Љупчо Блажевски.

Toaleti-3

Бирото за јавни набавки вчера го објави огласот за прибирање на понуди со краен рок до 10. јули кога треба да се одржи и јавното отворање на пристигнатите понуди. Од општинската комисија за јавни набавки најавуваат дека, најдоцна до 25. јули ќе биде избран и најповолниот понудувач кој што ќе понуди најниска цена како основен критериум при изборот. Ако се имаат предвид и пропишаните рокови за таканаречената прелиминарна постапка за избор на најповолен економски оператор за реконструкција на гратскиот пазар, логично може да се претпостви дека изградбата на дватат проекти, како што беше најавено, ќе се изведува паралелно.

Што ќе рече, со реконструкцијата и изградбата на јавните тоалети, гратскиот пазар во Демир Хисар, до почетокот на есента, дефинитивно ќе је добие својата вистинска употребна вредност.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер