ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО PDF Печати
Вести
Konak-pokriv-1

28.06.2017

МАНАСТИРОТ И ОПШТИНАТА РЕКОНСТРУИРААТ ДЕЛ ОД СТАРИОТ КОНАК

Како продолжение на високото ниво на воспоставена соработка на Општина Демир Хисар со сестринството на манастирот Свети Јован Крстител којашто е особено нагласена последниве 4 години, деновиве започна реконструкцијата на покривот на дел од таканаречениот стар конак.

Манастирот и Општината препознаа долгорочен заеднички интерес да се реконструира целата покривна конструкција на староновиот конак од западната страна на манстирскиот двор како почетна фаза од претстојната целосна реконструкција на покривот, ентериерот и фасадата.

Последниве години манастирот стана една од најпривлечните Македонски духовни и туристички дестинации, а со востановувањето на Демирхисарското културно лето како најпрестижна регионална фестивалска приредба на науката, културата и уметноста, Манастирот целосно се отвори за пошироката јавност и стана еден од најпосетуваните манстири во Република Македонија каде што се одржуваат големи настани.

Konak-pokriv-2

- Општина Демир Хисар е редок пример на локална самоуправа којашто спроведувајќи ги своите локални политики, препозна отворена можност за соработка во области што се од заеднички интерес - вели Отец Серафим.

Почетокот на реконструкцијата на покривот е почетна фаза којашто предвидува целосно заменување на дел од градежната дрвенарија, термичка изолација, нови ѓерамиди, како и внатрешно преиуредување на дел од просториите. Така, поранешниот прирачен магацин со спојувањер на уште една помала помошна просторија, ќе се преуреди во сала за одржување на камерни културни настани, презентации, промоции, ликовни изложби и слични научни, уметнички и културни манифестации.

Konak-pokriv-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер