ПРОТОКОЛ PDF Печати
Вести
Priem_kaj_Vladika-1

30.06.2017

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ НА ПРИЕМ КАЈ МИТРОПОЛИТОТ ПЕТАР

На негово барање, градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, во петокот беше примен од Неговото високо преосвештенство, г. Петар, митрополит на Преспанско - пелагониската православна епархија.

Во многу срдечна атмосфера и отворен разговор за заедничките проекти на Епархијата, манастирот Свети Јован Претеча Слепче, од една страна и Општина Демир Хисар од друга страна што на обострано задоволство многу засилено се остваруваат последниве 3-4 години, градоначалникот Блажевски му врачи примерок од отчетот за реализирани проекти.

- Многу општини од регионов и пошироко треба да учат од Општина Демир Хисар како може да се соработува, а при тоа резултатите на не изостанат. Му се восхитувам на градоначалникот за сè што прави последниве години за поширока афирмација и верификација на културното наследство, а особено за манастирот Свети Јован Крстител Слепче - рече покрај другото митрополитот Петар кој, како што рече, првпат гледа печатен примерок на отчет од еден градоначалник и е многу пријатно изненаден.

Priem_kaj_Vladika-2

Четириесетминутната средба, градоначалникот Блажевски ја искористи да му ја врачи официјалната покана за свеченото отворање на IV. Демирхисарско лето што ќе се одржи на Иванден во дворот на манастирот Свети Јован Претеча, Слепче. Беше договорено, на свеченоста со своја пригодна беседа да се обрати и митрополитот Петар.

Priem_kaj_Vladika-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер