ПРОТОКОЛ PDF Печати
Вести
Priem_za_Demirhisarsko_drustvo-1

03.07.2017

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ ГО ПРИМИ ПРЕТСТАВНИКОТ НА ДЕМИРХИСАРЦИТЕ ВО СИДНЕЈ

Претставнико на Демирхисарското социјално друштво од Сиднеј Австралија, Горан Димовски, денеска беше примен од градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски.

На средбата, градоначалникот Блажевски изрази задоволство од покажаниот интерес на оваа роднокрајна асоцијација на иселеници со демирхисарско потекло за остварување на поблиски контакти со матичната општина во Република Македонија. При тоа, претставникот на Друштвото, Горан Димовски го информира градоначалникот Блажевски за активностите на Друштвото особено во сферата на организирањето на хуманитарни акции за поддршка на проекти во Демир Хисар. Поточно, за поддршка во конкретна финансиска помош за изградба, обновување или санирање на верски објекти во населените места во Општина Демир Хисар. Тој рече дека за време на неговиот престој во Македонија, предал финансиска помош во износ од 1000 австралиски долари за потребите на Црковниот одбор во Обедник.

На крајот од средбата, заблагодарувајќи се за покажаната иницијативност и интерес за понепосредна соработка со Општината, градоначалникт Блажевски му подари државно и општинско знаме.

Priem_za_Demirhisarsko_drustvo-2
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер