КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Вести
Most_vo_edinakovci-1

03.07.2017

ЕДИНАКОВСКИТЕ ОСНОВЦИ ЌЕ ДОБИЈАТ МОСТ

Учениците од подрачното основно училиште во Единаквци, од 1ви септември, селската суводолица ќе ја преминуваат преку метален мост. Барањето на родителите и потребата на основците ги препозна и целосно ги уважи локалната власт и уште во 2015 година го стави во програмските приоритети. 

Така со пари што се обезбедија преку општинскиот буџет во износ од околу 700 илјади денари, кон средината на минатиот месец започнаа градежни активности околу изградбта на бетонски стопи на двата брега од селската река, почнувајќи од работ на селската улица, до дворот на училиштето.

Бетонските работи и поставувањето на анкерите завршија деновиве, а до крајот на овој месец ќе заврши изработката и поставувањето на металната конструкција.

Most_vo_edinakovci-2

Инаку според проектот и барањата на Единаковчани, мостот ќе се користи само за пешаци и тоа исклучиво за учениците кои досега беа принудени, за да дојдат до училиштето да поминуваат преку долот на селската суводолица којшто пак е многу опасен за време на поројни дождови, а во текот на целата година во него неконтролирано се испуштаат фекалии од соседните куќи.

Most_vo_edinakovci-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер