ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2017 - PDF Печати
Вести
19944563_247979109038701_6369862667396780848_o

07.07.2017

ЗАПОЧНА ДЕМИРХИСАРСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО 2017

Со традиционални  свечености, на големиот верски празник Иванден, во манастирот Свети Јован Претеча започна 4. издание на Демирхисарското културно лето. Во присуство на поголем број гости и претставници на научниот,  дипломатскиот,  црковниот, јавниот, културниот и политичкиот живот, на свеченоста говореше градоначалникот Љупчо Блажевски кој поздравувајќи го присуството на академиците Цветан Грозданов и Вера Битракова Грозданова, рече дека на овие демирхисарски простори,  низ  најразлични периоди од историјата, се раѓале, живееле и на трогателен начин биле измачувани или крвавеле голем број македонски страдалници и херои и се исцртувале темелите на современата македонска државност.

-          Ова се моменти што се доживуваат како своевиден официјален почеток на годинашното 4.  издание на Демирхисарското културно лето коешто, од година - во година сè повеќе и сè повисоко се воздигнува и потврдува како една од најпрестижните и култни културни манифестации, како во општината, така и во регионот и пошироко.

На свеченоста говореше и професор д-р Сашо Цветковски од Центарот за истражување на културното наследство при МАНУ  кој говореше за значењето на правата Демирхисарска летна школа и научните придобивки што се очекуваат да бидат постигнати во областа на археологијата, архитектурата, уметноста и историјата.

По повод празникот Иванден и отворањето на Демирхисарското културно лето и Демирхисарската летна школа, своја беседа пред присутните одржа Митрополитот Петар.

Во уметничкиот дел беше изведен сценско - драмскиот рецитал „Македонска Библија“ според текст на Зоран Пејковски, а во уметничкиот дел настапија студенти од Факултетот за драмска уметност Скопје и познатата етно група „Синтезис“.

Во реновираната сала за културно - уметнички настани во манастирот, се одржа промоција на книгата „Манастирот Свети Јован Крстител - книжевен уметнички и духовен центар“ на којашто говореа академик Цветан Грозданов,

19787450_247979645705314_104990885239656999_oдеканот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ и уредникот на книгата, професор д-р Сашо Цветковски, а потоа се одржа првата јавна проекција на документарниот филм „Духовни мироточенија“ во продукција на Македонската телевизија, а според сценарио и режија на Крстинка Билјановска и Перо Попов.

19942751_247976772372268_6812596778840202779_o
19787362_247976145705664_6015719570528860314_o
19983698_247979919038620_3634494131630884448_o
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер