ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2017 - PDF Печати
Вести
Skola-kraj-4

13.07.2017

ЗАВРШИ ЛЕТНАТА ШКОЛА

Синоќа, на пригодна свеченост што се одржа во средното училиште, беше означен крајот на првата Демирхисарска летна школа - историја, археологија, архитектура и уметност. На свеченоста присуствуваа сите учесници на Школата пред кои, предавачите и раковители на секциите имаа свои завршни резимеа.

На учесниците и останатите присутни им се обрати градоначалникот Љупчо Блажевски кој рече дека е исклучително задоволен што се остварија резултати над очекуваните и што, уште во своето прво издание, Школата целосно го оправда своето постоење, а најважно од сè, како што потенцира Блажевски, е што во некои од областите се дојде до нови, значајни и досега непознати научни сознанија.

На свеченоста присуствуваше и Отец Серафим како претставник на манастирската обител на Свети Јован Претеча и соорганизатор на Школата кој, исто така имаше пригодно поздравно обраќање.

Skola-kraj-1

На сите учесници меѓу кои имаше студенти, но и постдипломци, доценти и доктори на наука, им беа врачени серификати за успешно посетување и завршување на Школата, а градоначалникот Блажевски, на предавачите проф.д-р Сашо Цветковски, проф.д-р. Виктор Лилчиќ Адамс, проф.д-р. Елизабета Касапова, проф.д-р. Ванчо Ѓорѓиев, м-р Виктор Недески и историчарот Христијан Цветковски, им врачи благодарници и по еден комплет од репрезентативната четиритомна монографија „Македонија - милениумски културни и уметнички вредности“, донација од Управата за заштита на културното наследство.
Првиот примерок од монографијата му беше врачен на Отец Серафим во знак на благодарност и признание за огромната поддршка што сестринската обител ја обезбеди во целокупната организација на Школата.

По свеченоста, за сите учесници беше организиран џез концерт на кој настапи познатиот македонски џезист и професор на катедрата за џез на Музичката академија на Универзитетот во Штип, Сашо Поповски.

Skola-kraj-3

Skola-kraj-2

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер