ДЕМИРХИСАРКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2017 - КУЛТУРНА ХАЦИЕНДА PDF Печати
Вести

Zlatna_obetka-1

22.07.2017

КАТАРЗИЧЕН ВОЗНЕС СО ТВОРЕШТВОТО НА КРСТЕВСКИ

Чувството на вистинска душевна рамнотежа се издигна до врвот уште по симболичното кравање на завесата и првите ноти испеани од македонската оперска дива Серафина Фантаузо на Културната хациенда на Демирхисарското културно лето 2017. Годинашната прва „хациенда“ му беше посветена на роднокрајниот писател, поет, новинар, хроничар, публицист и поранешен синдикалист, Слепчанецот Славе Крстевски – Бутка.

-          Концептот „Културна хациенда“ како дел од Демирхисарското лето, во својата суштина и замисла, покрај другото има за цел презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност, како и развој и унапредување на дејноста  на поединците од областа на културата, односно во нашиов случај, и своевидна верификација, афирмација и признание и за долгогодишниот личен јавен, односно општествен придонес во заедницата во најразлични области од страна на нашите сограѓани, а особено во културата како најширок контекст на општествена надградба – рече покрај другото во своето обраќање градоначалникот Љупчо Блажевски кој додаде дека, со својот значаен влог во модерната поезија и проза, Славко Крстевски ги вознесе Демир Хисар и Македонија на врвен пиедестал, а себе си се воздигна во маркантна творечка фигура.

Пред поголем број присутни гости од повеќе градови на земјава, писатели, поети, сценаристи, режисери, актери, ликовни уметници, хуманисти и лични пријатели, на пригоден начин, на Славко Крстевски му беше врачено високото општинско признание плакета „Златна обетка“. Оваа награда општината ја доделува прпат од нејзиното востановување со новиот концепт на Демирхисарското културно лето, а за посебни заслуги во развојот и афирмацијата на културата во Општина Демир Хисар. Наградата ја врачи градоначалникот Љупчо Блажевски.

-          Ова е прво општинско признание што воопшто сум го добил од мојата општина и заради тоа се чувствувам неизмерно исполнето и благодарно – рече во дел од своето кусо своето кусо обраќање на благодарност лауреатот Славко Крстевски.

На овој високо уметнички културен настан беше изведена првата јавна проекција на документарниот филм „Крикови“ работен според сценарио режија на професор д-р Мишо Нетков од Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, како и видео перформансот „Славко Крстевски“ работен според идеја на Благоја Шундовски.

Во останатиот уметнички дел од програмата, беше изведен сценско – драмскиот рецител „Вознеси“ од Горан Анчевски во чијашто изведба учествуваа авторот и поетесата Лидија Лучко - Јеремиќ, македонската оперска дива Серафина Фантаузо, а игуменот Серафим одржа пригодна промотивна реч по повод објавувањето на првата стихозбирка поезија напишана од сестринската обител на манастирот Свети Јован Крстител Слепче.

Целиот настан се одржа во организација на Општина Демир Хисар и монашката обител на манастирот Свети Јован Крстител, а во реновираната сала за културни настани во стариот конак на манастирот.

Zlatna_obetka-2

Во целокупната организација на настанот голем придонес даде и семејството Крстевски коешто на најзаслужните поддржувачи и помагатели им врачи признание на благодарност.

Zlatna_obetka-3Zlatna_obetka-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер