КУЛТУРА PDF Печати
Вести
Konjanica-2

25.07.2017

КИЧЕВСКО-ДЕМИРХИСАРСКАТА-МАВРОВСКО-ГОРНОРЕКАНСКАТА ИЛИНДЕНСКА КОЊАНИЦА НА ПРИПРЕМИ

На два дена пред официјалниот старт, современите комити од демирхиосарско - кичевската илинденска коњаница ги приведуваат кон крај последните подготовки. Тие се од кондициона природа, како за коњите кои треба да испешачат над стотина километри, така и за нивните коњаници.

Својот ōд по врвиците на комитите, Илинденската коњаница ќе го започне в четврток, од предворјето на манастирот Св. Богородица - Пречиста кај Кичево. По дефилето низ градот Кичево, првиот ден коњаницата ќе отседне во селото Козица, родното место на Јордан Пиперката, место каде што е планирано првото преноќување.

Следниот ден коњаницата ќе помине низ селото на погрбението на Јордан Пиперката каде што е планирано поклонение пред неговиот и гробовите на неговите соборци кај месноста „Черешна“, а потоа, по тесните и тешко проодни планински патеки, истиот ден, приквечер, коњаницата треба да стигне во Илинска црква каде што е планирано второто преноќување.

Во саботата, рано наутро, коњаницата ќе го продолжи патот спрема месноста „Еврејка“ кадешто е планиран ручек, а попладнето да стигне и да преноќи во легендарното и славно Смилево.

Во продолжението, следниот ден коњаницата од Смилево по шумски пат ќе помине низ Стругово и низ Демир Хисар каде е планиран пригоден дочек пред зградата на локалната самоуправа. Вечерта коњаницата ќе пристигне и ќе отседне во Прибилца, од кадешто, следниот ден, на 31. август ќе отпатува за Крушево и ќе учествува на дефилето на илинденски коњаници.

Кичевско - демирхисарската коњаница кон којашто ќе се приклучи и Мавровско - Горнореканската коњаница, на 2. авгист - Илинден ќе пристигне на Мечкин Камен и присуствува на централната илинденска прослава.

Инаку, годинава во коњаницата ќе учествуваат 30 „комити“ од кои, шестмина демирхисарци: Ѓоко Василевски, Горан Николовски, Боби Јанкуловски, Мартин Кузмановски, Петар Велевски и Тони Андревски.

Коњаницата финансиски ја подржуваат учесниците со лични средства, поединци - донатори и помагатели, како и општините Маврово - Ростуша и Демир Хисар.

Konjanica-1
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер