КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Вести
Most-1

28.07.2017

ВО ЕДИНАКОВЦИ СЕ ПОСТАВИ НОВИОТ МОСТ

Стручни монтерски екипи денеска ја транспортираа и поставија металната конструкција на новиот пешачки моста. Се работи за мостна конструкција што ја премостува селската суводолица, од главната селска улица до подрачното основно училиште во Единаковци. До крајот на денов мостот беше фиксиран на бетонските стопи, а беа поставени и металмната ограда од двете страни и пристапни скалила од страната на селската улица.

Целиот проект го финансираше Општина Демир Хисар, а како резултат на барањата на жителите на ова населено место и потребите на учениците, наместо по долот на селската суводолица, до училиштето безбедно да стигнат преку новиот мост.
Целиот проект општината ја чини околу 700 илјади денари.

Most-2

- Исполнивме големо ветување пред граѓаните на Единаквци, но особено среќен и исполнет ме прави што посебно ги направивме среќни новите првоодделенци и останатите единаковски основци вели градоначалникот Љупчо Блажевски.

Од 1. септември единаковските основци, трката по нови знаења ќе ја стартуваат од новиот метален мост.

Most-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер