КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Вести
Voveduvanje_vo_rabota-pazar-1

28.07.2017

НАСКОРО ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ГРАТСКИОТ ПАЗАР

Заврши последната од низата законски постапки за избор на изведувач на претстојната реконструкција на гратскиот пазар во Демир Хисар. Пазарот ќе го реконструира градежната компанија „Бифора инженеринг“ којашто на јавната електронска аукција даде најповолна понуда.

Денеска во кабинетот на градоначалникот Љупчо Блажевски се одржа работна средба за воведување во работите на којашто покрај градоначалникот, присуствуваа изведувачот, претставник на Центаро за развој на пелагонискиот плански регион, главниот надзор, директорот на ЈКП „Комуналец“ и претставник на градежната компанија којашто, паралелно со реконструкцијата на пазарот, ќе ги гради јавните тоалети.

По средбата во просториите на општината каде што официјално беше заведен градежниот дневник, целиот тим изврши увид на локацијата каде што до почетокот на октомври треба да заврши целиот реконструктивен зафат.

Voveduvanje_vo_rabota-pazar-2Проектната вредност на реконструкцијата на пазарот без санитарниот јазол изнесува околу 6.200.000 денари. Овие пари Општината ги обезбеди преку Центарот за развој на пелагонискиот регион, а ќе обезбеди и сопствени пари во износ од околу 120 до 150 илади денари, како и комплетно финансирање на изградбата на санитарниот јазол.

Според договорот што го потпишаа Центарот и изведувачот, сите работи треба да завршат за најмноги 60 дена.

Voveduvanje_vo_rabota-pazar-4
Voveduvanje_vo_rabota-pazar-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер