ДЕТСКА ЗАШТИТА PDF Печати
Вести
Gradinka-1

28.07.2017

ЛЕТНО ОСВЕЖУВАЊЕ НА САНИТАРИИТЕ ВО ГРАДИНКАТА

Општината Демир Хисар и Детската градинка „Втори септември“ здружија пари за првото освежување на санитариите во објектот од нејзината изградба во почетокот на 80те. Над 60 илјади денари ќе бидат потрошени за целосно заменување на ѕидните и подните плочки во детските тоалети. Откако ќе заврши оваа операција, ќе бидат набавени и поставени нови санитарни елементи - клозетски шолјички, огледала и детски мијалничиња.

Заради заштеда на пари, поголемиот дел од работите ги изведува дел од вработените без никаков дополнителен надоместок, а директорот Гоце Мицковски се нафатил, сам, целосно да ги престружи и бојоса сите детски столчиња во градинката.

Во увид на работите деновиве беше градоначалникот Љупчо Блажевски кој рече дека по заменувањето на покривните азбестни табли со ребреста ламарина и заменувањето на надворешната столарија, ова е уште еден поголем и посериозен зафат којшто треба значително да придонесе во подобрувањето на условите за престој на децата во оваа единствена општинска предучилишна установа.

Gradinka-2

Детската градинка „Втори септември“ има капацитет за згрижување на 120 деца. Сериозен проблем што создава дополнителни финансиски тешкотии е традиционално малиот интерес за згрижување на децата за време на летото кога бројката на деца паѓа и до 30 дечиња. Се коментира дека тоа може да биде своевидна последица на праксата од годините во минатото кога сите вработени, за време на летото одеа на колективен одмор, а за тоа време градинката не работеше.

Gradinka-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер