ДИЈАСПОРА PDF Печати
Вести
Demirhisarsko_drustvo-priem-1

27.07.2017

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДЕМИРХИСАРКОТО ДРУШТВО ВО МЕЛБУРН

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски имаше протоколарна средба со претседателот на Демирхисарското културно - социјално друштво во Мелбурн, Славчо Трајковски.

На средбата која траеше речиси еден час, Трајковски го информира градоначалникот Блажевски за активностите на ова најстаро прекуокеанско здружение на демирхисарските иселеници, а се разговараше и за формите на воспоставување на поиблиска и поприсна соработка на Општината и Здружението, особено за потребите од непосредна помош што општината може да ја обезбеди за набавка на учебници и наставни помагала за вечерното македонско основно училиште во Мелбурн.

На маргините на средбата, градоначалникот Блажевски, на Трајковски и неговата сопруга Лилјана, им врачи пригодни подароци и репрезентативен примерок од монографијата „20 години монаштво во манастирот свети Јован Бигорски“.

Во ноември минатата година, градоначалникот Блажевски беше десетина дена гостин на Демирхисарското културно - социјално друштво во Мелбурн.

Demirhisarsko_drustvo-priem-2

Demirhisarsko_drustvo-priem-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер