ЧЕСТВУВАЊА PDF Печати
Вести
Konjanica-1

31.07.2017

КОЊАНИЦАТА ДЕНЕСКА СТИГНУВА ВО КРУШЕВО

Триесетина членови на Мавровско - Горнореканската - Кичевско - Демирхисарска коњаница денеска ја изодуваат последната етапа од илинденската маршрута.

Од опеаното село на турскиот мудурат - Прибилци каде што синоќа преноќува, претпладнево се упати кон Крушево. Оваа 30ина километри долга маршрута поминува преку селата Журче и Острилци, а попладнето треба да стигне и да учествува на првото илинденско дефиле во Крушево.

Коњаницата вчера попладнето пристигна во Демир Хисар откако претходно го изоде долгиот планински пат од Илинска црква, преку манастирот свети Петар, до славно Смилево, каде што преноќуваше. На платото пред зградата на локалната самоуправа ги пречека градоначалникот Љупчо Блажевски кој во својот работен кабинет приреди скромен коктел.

Во оваа коњаница веќе неколку години учествуваат и демирхисарци, а годинава рекордно шестмина меѓу кои и претседателот на Советот, Ѓоко Василевски

Konjanica-2

Konjanica-4
Konjanica-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер