ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО PDF Печати
Вести
Rok-1

29 - 30.07.2017

РОК СПЕКТАКЛ ВО ДЕМИР ХИСАР

Во Во саботата, до еден час по полноќ следниот ден, на Демир Хисар му се случуваше рок спектакл. По трет пат, во пресрет на големиот национален празник Илинден, локалната самоуправа го организира традиционалниот рок хепенинг на кој што настапија најдобите и најпознтатите македонски рок групи од неколку градови.
Илјадната публика на гратскиот плоштад „8. септември“, вистински се насладуваше на мајсториите на младите македонски рокери од Битола, Прилеп и Демир Хисар, а речиси еден час се дружеше со музиката и свирката во живо со познатата македонска група Ласт експедишн.

Организаторот, Општина Демир Хисар е исклучитерлно задоволен, како од посетеноста, така и од квалитетот на сите изведби.

- Од година во година се посилно, помоќно и понедвосмислено потврдуваме дека знаеме да организираме големи настани, дека за тоа има насушна потреба и во Демир Хисар и дека, организацијата и одржувањето на вакви големи музички настани не е веќе привилегија на условно наречените големи градови - вели градоначалникот Блажевски.

Rok-2

Најфасцинантен и особен за истакнување е податокот за присуството на публика од другите градови. Организаторите велат дека поголемиот број од поситетителите бил од соседните градови Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, па дури од Велес и Скопје.

Што ќе рече, рок хепенингот, како една од бројните манифестации на Демирхисарското културно лето, ги преминува локалните рамки и прерасна во култен музички настан.

Дечки - браво!

Rok-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер