ЧЕСТВУВАЊА-ИЛИНДЕН 2017 PDF Печати
Вести
Sretselo-Smilevo-1

01.08.2017

ИЛИНДЕНСКО ПРЕДВЕЧЕРИЕ ВО СМИЛЕВО

Во пресрет на големиот национален празник Илинден, а во рамките на програмата на Демирхисарското културно лето 2017 и во пресрет на илинденските празнувања, во вторникот навечер, на смилевското сретсело се одржа пригодна уметничка програма под наслов „Илинденско предвечерие“. Општина Демир Хисар организира мал фолклорен концерт на којшто настапија најмладите играорци од КУД „Илинден“ од Демир Хисар.
Концертот го следеше бројна публика од Смилево и од околните населени места. По завршувањето на концертот, во придружба наоркестарот на Дрштвото, младите фолклористи и присутната публика, развија голема македонско оро.

Sretselo-Smilevo-3
Sretselo-Smilevo-2
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер