ЧЕСТВУВАЊА-ИЛИНДЕН 2017 PDF Печати
Вести
Ilinden-1

02.08.2017

ДОСТОИНСТВЕНA ИЛИНДЕНСКА ПРОСЛАВА ВО СМИЛЕВО

Во организација и под покровителство на Општина Демир Хисар, во легендарното Смилево се одржа традиционалното чествување по повод големиот национален празник Илинден.

Свеченостите започнаа со положување цвеќе на могилата на великанот Даме Груев, обелискот на смилевските илинденци, као и на гробовите на комитите што се наоѓаат во дворот на храмот Свети Ѓорѓија во Смилево.

Централната општинска прослава на којашто присуствуваа повеќе стотици граѓани од Смилево, Демир Хисар, Битола и соседните градови, се одржа во спомен паркот во месноста Умалишта, покрај споменикот на Даме Груев.

Како претставници на владата на Република Македонија, присуствуваа делегација на Министерството за финансии што ја предводеше министерот Драган Тевдовски, делегација на Министерството за здравство што ја предводеше заменик министерот Гоце Чакаровски, како и претставници на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија. Присуствуваше и поголем број претставници на политички партии, јавни претпријатија и здруженија на граѓани.

Ilinden-2

На свечениот соби на Умалиште, реферат за 114 годишнината од Смилевскиот конгрес и Илинденското востание, говореше претседателот на Здружението за заштита на ликот и делото на Даме Груев, историчарот Ристо Груевски.

Во име на владата, поздравно обраќање имаше министерот Тевдовски кој во својот говор рече дека ваквите празници треба да бидат повод за демонстрирање на заедништво без поделби по партиска, политичка, национална и верска основа. Смилево заслужува посоодветна грижа и третман од државата и, како што рече Тевдовски, ќе се потрудиме да се вложиме да го спречиме иселувањето од ова значајно место за македонската национална историја.

На кројот од официјалниот дел од прославата, се обрати градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски. Тој рече дека, револуционерното и слободољубиво Смилево, смилевските Илинденци и илинденските настани се македонска историска реалност која што, постоела, постои и ќе постои само како Македонска и никако поинаква, и дека не треба некој однадвор да нè потсетува и подучува, колку треба да се памти делото на македонските херои кои си го дадоа животот во борбата за народна слобода.

Ilinden-3

Блажевски накусо говореше и за тековните инфраструктурни проекти што значително треба да го подобрат квалитетот на ѓивотот во оваа мијачка енклава:

- Сега, овде, во Смилево, на Умалиш и пред монументот на смилевскиот и македонски великан Даме Груев, со гордост и чувство на исполнетост, сакам да соопштам и со вас да споделам една убава вест, патот до манастирот Свети Петар се гради и до крајот на летово или почетокот на зимата ќе биде целосно изграден. Ви честитам на сите што верувавте дека ќе го исполниме заветот на нашите претци, а особено дека целосно ќе го исполниме завештението на игуменот Петре Егуменовски – Гарски, ктиторот на манастирот Св. Петар.

На крајот од чествувањето се одржа културно - уметничка програма, а за сите присутни, општината организира востанички ручек.

Ilinden-4

Ilinden-6
Ilinden-5
Ilinden-7
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер