ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2017 - БАБИНСКИ ЛИКОВНО-ЛИТЕРАТУРНИ СРЕДБИ PDF Печати
Вести
zAVESTANIE-1

06.08.2017
Бабино

Демихисарско културно лето 2017

БАБИНСКИ ЛИКОВНО - ЛИТЕРАТУРНИ СРЕБИ 2017

Во рамките на Демирхисарско културно лето, на 06.08. 2017 година, Здрушението за негување на културното и обичајно наследство ,,ЗАВЕШТАНИЕ“ од Бабино, одржа ликовно-литературна средба.

Најпрво, делегација на Здружението во состав, Радован П.Цветковски, Панде Петровски и Добре Тодоровски, положи свежо свеќе на гробот на великанот на македонската книжевност Петре М.Андреевски во с.Слоештица.

Средбата ја отвори пистаелот Добре Тодоровски, пред седиштето на Здружението во Бабино. Потоа, во предворјето на библиотеката ,,Ал-Би“- Бабино, се одржа промоција на книгата ,,Зборот наш на други јазици“, од авторот Радован П.Цветковски.

Со своја поезија настапија: Билјана Солунческа, Радован П. Цветковски, Љубе Митрајчески, Златко Бошевски, Борис Дамески, Менде Солунчески и други.

Учесниците на оваа манифестација имаа можност да ја разгледаат мини изложбата на академскиот сликар Панде Петровски.

На средбата учествуваа 37 учесници.

Настанот беше поддржан од Општината Демир Хисар

zAVESTANIE-2

zAVESTANIE-4
zAVESTANIE-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер