ДЕМИРХИСАРСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2017 - ПОРАКА НА МИРОТ PDF Печати
Вести
Poraka_za_mir-1

08.08.2017

ПО ВОДИТЕ НА ЕРИГОН, ИСПЛУТАА ДЕМИРХИСАРСКИТЕ ПОРАКИ ЗА МИР

Во пет минути до 12, време што ја симболизираше алармантноста со светскиот мир, а по повод 72. годишнината од најголемата светска нуклеарна катастрофа, на мостот на Црна Река кај Жван се одржа пригодна свеченост.

Во организација на Општина Демир Хисар и Македонското здружение „Гороцвет“, а на денот на големиот православен празник Света Петка, познатиот светски хуманист, мисионер на мирот и уметник, брезовчанецот Живко Поповски - Цветин, по црноречните води ги испрати демирхисарските пораки за мир во светот и против нуклеарното наоружување.

На свеченоста присуствуваа претставници на општината, местната заедница Жван, како и гости од соседната општина Крушево и други населени места. Во името на граѓаните на Општина Демир Хисар, цветната порака на мирот ја потпиша секретарот Љупчо Ангелевски.

Настанот се одржа како придружна манифестација на Демирхисарското културно лето.

Poraka_za_mir-2

Poraka_za_mir-4
Poraka_za_mir-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер