СПОРТ И МЛАДИ PDF Печати
Вести
Peglanje_na_stadion-1

10.08.2017

ПРВО „ПЕГЛАЊЕ“ НА ГРАТСКИОТ СТАДИОН

Дваесетина дена по првиот предтехнички преглед на градежните работи, деновиве локалната самоуправа ангажира тешка механизација за таканаречено суво „пеглање“ на теренот. Деветтонски валјак на градежната оператива што ги изведуваше работите, на два наврати изврши валјање на теренот со што се постигна високо ниво на рамност и нивелација. 

Санирани се сите помали оштетувања на тревникот, а дополнително ќе се санираат и неколкуте поголеми оштетувања што се направија од дигалката при поставувањето на рефлекторското осветлување.

Деновиве повторно ќе биде ангажиран валјак со помала тежина и можност за влажно пеглање на теренот при што, пред пеглањето тлото на теренот ќе биде полиено со вода со што ќе се постигне уште посовршена рамнина.

Peglanje_na_stadion-2

Реконструктивните работи на поранешното демирхисарско фудбалско игралиште завршија уште пред околу 20 дена, меѓутоа објетот технички сеуште не е примен од страна на инвеститорот - Агенцијата за млади и спорт бидејќи надзорниот орган имаше забелешки на квалитетот на поставеноста на металното плетиво.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер