ГРАДОНАЧАЛНИК PDF Печати
Вести
Otcet-1

23.08.2017

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ ГО ПРЕЗЕНТИРА ОТЧЕТОТ ЗА ЧЕТИРИГОДИШНОТО РАБОТЕЊЕ

На денешната средба со новинарите, градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски го презентира Отчетот за четири и пол годишното работење, како и за проектите што сеуште се во тек на реализација.

На почетокот од неговото излагање рече дека формалниот крај на еден мандат е убава прилика повторно да се искажат задоволството и благодарноста кон граѓаните за укажаната доверба на изборите во 2013 година.

- Заедно со Вас, изодевме многу важна етапа од долгиот и макотрпен пат кон создавањето успешна, просперитетна и развиена општина. Сакам во оваа прилика да Ве уверам дека, мене како градоначалник, како и сите мои седумдецениски претходници, на тој пат нè следеа бројни неизвесности и предизвици, но и непоправливи желба, ентузијазам и пожртвувана посветеност да ги промениме и подобриме „нештата“ рече Блажевски кој во продолжението од обраќањето, говореше и за позначајните проекти реализирани во изминатите 54 месеци.

- Одработивме финансиски многу тежок, но со реализирани проекти, исклучително успешен период. Тоа сакам да Ве прави задоволни и исполнети и Вас бидејќи тоа е заеднички успех.

- Велат, со упорна и посветена работа, многу посакуваните и долгоочекувани резултати, порано или подоцна и, кога – тогаш, ќе дојдат - рече Блажевски и рече дека е исклучително задоволен што од ветените 83, во неговиот мандат се реализирани дури 103 проекти, 20 повеќе. А најмногу го исполнува фактот што сите 10 таканаречени проекти со врвен приоритет, без исклучок се стопроцентно реализирани.

Otcet-2

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ЦЕЛОТО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ

 Почитувани,

Се наоѓаме на прагот од формалниот крај на еден мандат којшто е убава прилика повторно да се искажат задоволството и благодарноста кон вас граѓаните за укажаната доверба на изборите во 2013та како и за вашите мудрост и способност, преку мојот лик, трудољубивост, чесност и отчестност, да препознааете и изберете исполнителен човек, искрен пријател, добронамерен граѓанин и посветен семеен човек со високи морални и традиционални вредности.

Почитувани сограѓани.

Заедно со Вас, изодевме многу важна етапа од долгиот и макотрпен пат кон создавањето успешна, просперитетна и развиена општина. Сакам во оваа прилика да Ве уверам дека, мене како градоначалник, како и сите мои седумдецениски претходници, на тој пат нè следеа бројни неизвесности и предизвици, но и непоправливи желба, ентузијазам и пожртвувана посветеност да ги промениме и подобриме „нештата“.

Кога дојдов на оваа одговорна функција, имав потполно јасна и дефинирана визија за развој на Демир Хисар, но и потполна определеност, знаење, стручност, искуство и енергија за остварување на таа визија како моја најважна животна мисија.

Работата и животот во тешки и економско сложени времиња и финансиски неповолни состојби се голем предизвик, особено кога тој станува императив и врвен приоритет во напорите, животот на секој граѓанин да биде подобар, а општината да оди во вистински правец на напредок.

Под исклучително силниот притисок на ова големо бреме, се обидов, потрудив и, да бидам малку нескромен – успеав, овие императиви да станат достижни, реални, но и инспиративни за годините што следеа.

Мојата прва и најголема градоначалничка сатисфакција се случи и доживеа само неколку месеци по преземањето на функцијата кога, како резултат на долгите и макотрпни разговори, бројни иницијативи за градење нова доверба со сите дотогашни добавувачи, на 27ми декември 2013та година, успеавме да ја деблокираме сметката на општината којашто беше наследена состојба уште од ноември 2008 година заради 19 извршни решенија во вкупен долговен износ од околу 7 милиони денари. Во трошењето на парите од општинската каса, продолживме да постапуваме максимално внимателно и одговорно, во согласност со закон и во насока на законски утврдените обврски и редовните активности на буџетските корисници, а без при тоа да создаваме дополнителни непродуктивни трошоци.

Денес, четири години потоа, со задоволство можам охрабрително и оптимистички да изјавам и соопштам дека, во моментов не постои никаква опасност општината повторно да западне во неликвидност.

Otcet-3

Почитувани.

Одработивме финансиски многу тежок, но со реализирани проекти, исклучително успешен период. Тоа сакам да Ве прави задоволни и исполнети и Вас бидејќи тоа е заеднички успех.

Велат, со упорна и посветена работа, многу посакуваните и долгоочекувани резултати, порано или подоцна и, кога – тогаш, ќе дојдат.

Во изборната програма со којашто настапив на локалните избори во 2013та година, си поставив 10 врвни приоритети што ќе бидат програмска водилка и своевидна потврда за се што се ветуваше во тоа изборие.

Ветив и исполнив:

-          Рехабилитација на најоштетениот дел од регионален пат - врска Р-512
Демир Хисар – Света ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН! СВЕЌАНИ, ЕДИНАКОВЧАНИ, БАРАКОВЦИ И ГРАИШТАНИ ВОЗАТ ПО НОВ АСФАЛТ!

Ветив и исполнив:

-          Реконструкција на водоводна мрежа во Слепче, Стругово и во Сопотница – СИТЕ ПРОЕКТИ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ! СЛЕПЧЕ – НОВ ПОТИСЕН ЦЕВКОВОД И НОВ РЕЗЕРВОАР. СТРУГОВО – НОВА РЕКОНСТРУИРАНА ВОДОВОДНА МРЕЖА! СОПОТНИЦА – НОВ ВОДОВОД ВО РУДАРСКАТА НАСЕЛБА!

Ветив  и исполнив:

- Реконструкција на пумпи и на автоматика во бунарски постројки и препумпна станица на градски водовод Демир Хисар - ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН! ПУМПИТЕ СЕ НАБАВЕНИ, МОНТИРАНИ, ИНСТАЛИРАНИ И РАБОТАТ СО ПОЛ КАПАЦИТЕТ. НЕМА ДА НЕМА ВОДА!

Ветив и исполнив:

-          Изградба на едно повеќенаменско спортско игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ - ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН – ИГРАЛИШТЕТО БЛЕСКА ВО ПОЛН СЈАЈ И СО СЕТА РАСКОШ И УБАВИНА!

Ветив и исполнив:

-          Реконструкција на градскиот фудбалски стадион - ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН – СТАДИОНОТ Е ГОТОВ! СЕ ЧЕКААТ РЕКРЕАТИВЦИТЕ, СПОРТИСТИТЕ И НОВИТЕ ДЕМИРХИСАРСКИ ФУДБАЛСКИ НАДЕЖИ!

Ветив и исполнив:

-          Асфалтирање улици во Слоештица, Сопотница, Демир Хисар, Слепче - ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН ВО СЛОЕШТИЦА И ДЕМИР ХИСАР. Заради презафатеност на градежните оперативи, претстојат дополителни активности за санирање улици во Сопотница и Слепче;

Ветив и исполнив:

-          Решенија за институционална поддршка за ревитализација на системот за наводнување и стопанисување со микроакумулациите Суводол 1 и 2 и Струговско есеро - ПРОЕКТОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО СОСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ШТО ГИ ПОДГОТВУВА НОВОФОРМИРАНОТО ЈАВНО ВОДОСТОПАНСКО ПРЕТПРИЈАТИЕ

Ветив и исполнив:

-          Поддршка на проекти за подобрување на енергетска ефикасност во училишните згради - ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН! Целосно е заменета надворешната столарија во средното училиште.

Ветив и исполнив:

-          Усогласување на Деталниот урбанистички план за град Демир Хисар во согласност со претстојните измени на водостопанската основа на РМ и со потребите на граѓаните и на претпријатијата на општина Демир Хисар - ПРОЕКТОТ Е РЕАЛИЗИРАН;

Ветив и исполнив:

-          Поддршка на проекти за стопанска и за културна меѓународна соработка со пограничните општини и интезивирање на соработката со демирхисарските иселеници, нивно анимирање и поврзување со општината - ПРОЕКТОТ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО КОНТИНУИТЕТ (како дел од проектот, на нивна покана, во ноември минатата година бев во посета на Демирхисарското културно и социјално друштво во Мелбурн, Австралија)

Ова беа десетте приоритети коишто се целосно реализирани, а паралелно со нив, реализиравме мноштво други проекти во различни области што беа или не беа дел од мојата програма 2013 – 2017.

Почитувани.

Во оваа брошура што ја нарековме Отчет на градоначалникот за реализирани и проекти во тек за периодот 2013 – 2017, има доволно податливи и илустративни податоци, информации и друга фактографија која документира посветена работа кон подобро и дека:

-          Од најавените и ветени 83,  во период од 4 и пол години, се реализирани 103 проекти, што ќе рече, 20 проекти повеќе, или месечно сме реализирале по 2 проекти.

Нивната вкупна вредност изнесува околу 200 милиони денари, односно околу 3 и пол милиони евра, или 7 годишни буџети на општина Демир Хисар;

Ќе го најдете и прочитате податокот дека, како никогаш и во ниеден досегашен градоначалнички мандат, со работа што носи подобро, не се изградени, реконструирани или рехабилитирани вкупно 11 делници со должина од дури 24 километри локални патишта и улици до најразлични дестинации и во повеќе населени места.

Само за овие капитални вложувања сме обезбедиле и потрошиле скоро 3 милиони евра. Авантуризам во туризам – да, но со добра патна инфратруктура што овозможува безбеден транспорт до секое потенцијално туристичко – излетничко место!

Дека секоја посветена работа носи кон подобро, илустративно говори и податокот за изграденоста на водоводните и канализационите системи во изминативе 4 и пол години. Скоро 8 и пол километри водоводна и кализациона мрежа изградивме или реконструиравме во изминативе 54 месеци.

Тоа, заедно со изградбата на други водоснабдителни објекти и набавка на нови водоводни постројки, не чинеше скоро 400 илјади евра – големи пари што ги обезбедивме од сопствени извори, од државниот буџет, но и од меѓународни финансиски институции и фондови.

Со  работа што носи подобро, после повеќе од 2 децении го направивме реалност и дамнешниот сон на слободољубивите и полни со патриотски дух жители на Смилево и ја започнавме изградбата на најголемата нова асфалтна патна делница изградена последниве  3-4 децении, 6 километарскиот пат од Обедник до манастирот Свети Петар кај Смилево.

Како партнери на главниот финансиер Светска банка, со гордост  кажуваме дека Општина Демир Хисар за овој проект обезбеди дури 110 илјади евра – пари на граѓаните на Општина Демир Хисар. Патот ќе биде готов до почетокот на оваа есен.

Почитувани.

Се разбира, ова што го презентирам не е ни приближната половина од сите реализирани проекти.

Од печатената форма на отчетот на овој градоначалник и од секој друг позитивен учинок направен, а нотиран или презентиран во друга форма и на поинаков начин, можат да се стекнат и добијат уште мноштво други податоци и информации за успешното четири и пол годишно водење на Општина Демир Хисар која, полека, бавно, но многу стабилно, сигурно и со посакувано темпо почнува да се „одлепува“ од друштвото на неразвиените и да фаќа чекор со современите развојни процеси.

Со  работа што носи подобро, посакувам нов напредок на Општина Демир Хисар, со овој или секој друг следен градоначалник.

Благодарам.

линк: ОТЧЕТ 2013-2017 РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ И ПРОЕКТИ ВО ТЕК

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер