МЛАДИ И СПОРТ PDF Печати
Вести
Off_road-4

2 септември, ден на ослободувањето на Демир Хисар

31.08.2017

В НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ШЕСТАТА ДЕМИРХИСАРСКА ЏИП ТУРНЕЈА

Околу 500 учесници од цела земја, се очекува в недела да пристигнат во Демир Хисар на традиционалната шеста демирхисарска „Џип турнеја“.

Најголемиот дел од нив или околу 150, ќе бидат возачи на теренски возила од сите категории, а прв пат оваа година, официјално ќе бидат вклучени 50 велосипедисти и 20ина мотоциклисти од сите градови на Македонија.

Стартот е закажан на градскиот плоштад во Демир Хисар кадешто во 08:00 часот е предвидена пригодна церемонија на којашто градоначалникот на Демир Хисар Љупчо Блажевски ќе има пригодно поздравно обраќање и ќе биде извршена службена регистрација на сите учесници.

Off_road-1

Ова, покрај другото беше договорено на денешната коорднинација во кабинетот на градоначалникот Блажевски на којашто присуствуваа членовите на организациониот одбор од Здружението „Оф роад Демир Хисар“.

На состанокот, претседателот Гоце Трпчевски го информира градоначалникот Блажевски дека годинашната траса за возачите на теренски возила ќе биде долга 60 километри и, по стартот од плоштадот „8. септември’, ќе поминува низ Струговски езеро, крстосница за Лесково - Обедник - манастир „Св. Петар“ - Еврејка - Церово - крстосница под Вирово“ - Жван - рударско окно (околу 12:30), потоа, Сопотница и манастир Св. Атанасиј кај Сопотница.

- Кај рударското окно на поранешиот рударски коп, на специјално подготвена траса, ќе се се одржи демонстрација на вешто возење и совладување на препреки со теренски моротни возила. Оваа атракција се организира прв пат и предизвика големо внимание кај сите учесници - вели претседателот Трпечевски и дадава дека посебна привлечност и квалитет на годинашнава „турнеја“ предизвикуваат учеството на велосипедистите кои ќе возат по засебна траса и мотоциклистите коишто ќе бидат претходница на џип турнејата.

Off_road-2

Годинашната 6. по ред Демирхисарска џип турнеја се одржува во целосна организација на Здружението „Оф роад Демир Хисар“, а под покровителство на Општина Демир Хисар и со поддршка на голем број локални и регионални донатори и помагатели.

Џип турнејата се одржува по повод 2 септември, ден на ослободувањето на Демир Хисар.

Off_road-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер