ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
Вести
prvacinja_2017-1

04.09.2017

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

За демирхисарските основци и средношколци, денеска започна новата учебна година. Училишното ѕвонче, во трите централни и подрачните училишта, како и во средното општинско училиште го означи првиот училишен час.

Почетокот на новата училишна година највозбудливо го дочекаа демирхисарските првоодделенци кои на првиот час беа „почестени“ со пригодна програма што ја организираа ланските првоодделенци.

Во оваа учебна година најмногу првоодделенци се запишаа во централното училиште „Гоце Делчев“ - 54 од кои, дури 40 се во Демир Хисар, а останатите се во подрачните училишта.
Во „Браќа Миладиновци“ во Жван се запишаа 9, а во „Даме Груев“ Смилево - 3 првоодделенчиња. Односно, во целата општина, оваа учебна година во прво одделение се запишаа 66 првачиња.

И во средното училиште „Крсте Мисирков“ денеска одекна првиот училишен ѕвон. На него се „оѕваа“ 165 средношколси од сите наставни години во гимназија и настава за техничари за шумарство и пејсажна култура.


prvacinja_2017-2
Средното училиште новата учебна година ќе ја започне со 39 ученици во прва година.

По повод почетокот на новата учебна година, општински делегации предводени од градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Ѓоко Василевски и советникот Саше Темелковски, имаа средба со првоодделенчињата и им подарија пригодни комплети со училишен прибор.

Фотографии: Општина Демир Хисар




prvacinja_2017-3











prvacinja_2017-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер