ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
Вести
Uciliste_-_dvor-_1

12.09.2017

ВО „МИСИРКОВ“ СЕ УРЕДУВА ПОВРШИНА ЗА НАСТАВА ВО ПРИРОДА

Започнаа изведбените работи околу уредувањето на дел од дворната површина во средното училиште „Крсте Мисирков“ во Демир Хисар. Градежната оператива забрзано работи на реализација на проект што го финансира општината, а ќе се користи како простор за изведување на настава на отворено и за одржување на културно - забавни активности на учениците.
Објектот се гради во аголот што го формираат северното и западното училишно крило на зградата, од источната страна на главниот влез во училишната зграда.

Просторот што е предмет на уредување, досега беше со недефинирана содржина и неуреден. Со овој проект се ќе се изврши уредување и облагодродување така што, заради денивелацијата, покрај постојните, ќе се изградат нови потпорни ѕидови и ќе се изврши израмнување на површината. На новообликуваната површина ќе биде поставен тампон и ризла, а потоа врз оваа подлога ќе се постават бекатон плочки. По завршувањето на овој градежен зафат ќе биде поставена урбана опрема, односно клупи и жардењери.

Uciliste_-_dvor-_2

Според проектната вредност, целата инвестиција ќе чини околу 300.000 денари, пари што ги обезбеди Општина Демир Хисар од локалниот буџет, а се очекува да биде завршена најмногу за еден месец.

Uciliste_-_dvor-_3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер