ЗАВРШНА ФИНАЛНА ВЕЧЕР PDF Печати
Вести

Во преполната сала "Јордан Пиперката", Демир Хисар, вчера вечер се одиграа натпреварите за трето место и финалето во мал фудбал на Меморијалниот турнир "Валентин Стефановски". Општина Демир Хисар зеде активно учество и оваа година како покровител на турнирот.

На свеченото затворање свое излагање имаше и Градоначалникот на Општина Демир Хисар,

Марјанче Стојановски, каде истакна дека овој турнир е од огромно значење за сите нас, и за општината. 

"Голема чест е да се учествува и соработува со организаторите на овој Меморијален турнир,

а тоа се Здружението на граѓани "Валентин Стефановски". 

Здружението на граѓани "Валентин Стефановски" јавно се заблагодарува на Градоначалникот на Демир Хисар, господинот Марјанче Стојановски и Локалната самоуправа за несебичната поддршка во реализација на турнирот.

Здружението се заблагодарува на сите спонзори, и оние кои несебично придонесоа до реализација на овој турнир.

Во иднина поголеми заложби за повеќе успеси и придонеси околу турнирот."  

.

10

.

Резултати од финалната вечер на третиот меморијален турнир во мал фудбал "Валентин Стефановски" Демир Хисар 2017 год.

18:00 Чапе Фунги - Сливница 1:4

19:10 ЖФК Младост - ЖФК Јунајтед 1:4 (ревијален натпревар)

20:00 Мистер И - Стара Фурна 2:3

Рангирање на екипите:

I место- Стара Фурна

II место - Мистер И

III место- Сливница

IV место- Чапе Фунги

Екипата на ЗФСК Начко ја доби наградата за Фер-Плеј екипа.

Индивидуални награди:

Најдобар играч на турнирот - Мартин Мехмедовиќ

Најдобар голман на турнирот - Никола Ципаноски  

 

turnir              

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер