Паричен надоместок за секое новородено дете во Општина Демир Хисар PDF Печати
Вести

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски и Советот на општината донесоа одлука со која во текот на 2018 година на секое семејство кое има новороденче ќе му се доделува паричен надоместок.

Ќе се доделуваат по 5.000 денари за првородено дете во семејство, по 5.500 денари за втородено дете во семејство и по 6.000 денари за третородено и секое наредно родено дете во семејство. 

Право на наведениот паричен надомест ќе имаат само семејствата кои живеат на територијата на Општина Демир Хисар и се жители на Општина Демир Хисар.

За начинот за доделување и доставување на потребната документација ќе се донесе Правилник за услови, критериуми и начинот на остварување на правото на паричен надоместок за новородено дете.

Одлуката е донесена бидејќи е составен дел од програмата на Локалната самоуправа и ќе почне да се реализира од 1 јануари. 

.

99

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер