„АРТ ПОИНT - ГУМНО“ PDF Печати
Вести
Art_point_-_Gumno

АМЕРИКАНСКИ УМЕТНИЦИ ВО ДЕМИР ХИСАР

Десет студенти од ликовната академија при Универзитетот на Северна Каролина од Вилмингтон, САД, предводени од нивната професорка, Памела Тол, 30 – ина дена ќе престојуваат во нашава замја. Тие ќе ги посетат и ќе престојуваат во Скопје, Охрид, Битола и Крушево, а од 13 – 27 јуни ќе престојуваат и творат во селото Слоештица, демирхисарско, во меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт“ – Гумно“.

Посетата на младите американски уметници, е всушност завршна фаза од проектот во кој што студентите се вклучени цела студиска година проучувајќи ги историјата, културата и традицијата на Македонија. Овој проект се реализира под наслов „Macedonia live“ („Македонија во живо“). Меѓународната колонија деновиве ќе ја посети градоначалникот на општината, г- н Тони Ангелевски, а ќе го придружуваат ликовни педагози, талентирани ученици и локални ликовни уметници.

                Студискиот престој на американските студенти и нивната професорка во нашава земја е реализиран на покана на познатиот македонски ликовен уметник, Сергеј Андреевски.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер