Санирање на локалните патишта од последиците на поплавите во Демир Хисар PDF Печати
Вести

Обилните врнежи од дожд предизвикаа големи оштетувања и поплави кои ги зафатија населените места на територијата на Општина Демир Хисар. Веднаш се воспостави соработка со месното население во Горни Демир Хисар и ЈКП "Комуналец" Демир Хисар, каде што беше расчистено свлечиштето кое го имаше прекриено локалниот пат во с. Вирово. 

 

.

2s 

.

Во текот на денот се овозможи и помош на локалниот пат за с. Мало Илино каде што врнежите донесоја големи проблеми. Интервенцијата е завршена  со две градежни машини и патот е прооден. Се користише овој период на суво и стабилно време без врнежи да се санира комплетната зафатена површина. Водостојот е стабилен и дежурни екипи ја набљудуваат состојбата на речното корито.  

.

3s

.

Од центарот за управување со кризи соопштија дека имало излевање на Река Црна на повеќе места по должината на речното корито, на потегот од село Доленци до село Бучин, при што поплавени беа поголеми обработени земјоделски површини. Причините за поплавите мештаните ги лоцираат во временските услови кои придонесоа нивото на реката Црна да биде за неколку пати повисоко од нормалното. Моменталната состојба е стабилна и е под контрола од надлежните органи. 

Во село Базерник со помош на мештаните деновиве максимално се работеше на решавање на проблемите. Саниран е патот кон селото и интензивно екипите работат на терен. 

.

4s

.

Поради топлото време, во наредниот период се очекува и нагло топење на снегот и зголемување на водотеците, особено во западните и јужните делови. Екипите на уличното осветлување извршија санација и повторно вклучување во неколку демирхисарски села. 

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер