Германскиот инвеститор „Aetna“ е заинтересиран за вложување во земјоделството во Пелагонискиот плански регион PDF Печати
Вести

Германскиот инвеститор „Aetna“ е заинтересиран за вложување во земјоделството во Пелагонискиот плански регион, информираа од Општина Прилеп од вчерашната регионална средба на градоначалниците од Пелагонискиот плански регион на  која присуствуваше и градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.  

regionalna sredba

Германскиот инвеститор „Aetna“  покажал интерес за откупот на земјоделски производи и нивна преработка.

Обврска на општините од Пелагонискиот плански регион е да презентираат детално слика за количествата квалитетно овошје и зеленчук, што може да биде произведено на овој простор. 

Како што е наведено во соопштението, според најавите во бизнис планот на инвеститорот е да отвори преработувачки капацитет во овој регион, да врши откуп на овие земјоделски производи, коишто потоа би биле пласирани на рускиот пазар. 

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер