ВО ПОСЕТА НА НАЈВОЗРАСНИОТ ЖИТЕЛ ВО ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати
Вести

Викендов во демирхисарското село Белче, највозрасниот жител на Општина Демир Хисар Блаже Николовски, го одбележа својот 100 ти роденден. 

.

Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, придружуван со преставници од општинската администрација го посети дедо Блажо и му посака добро здравје и радост. 

.

belce poseta  

.

Николовски Блаже роден е 10.2.1918 година, добро се движи, чита и се грижи за своето здравје. Малку го напуштил слухот, но добро се снаоѓа во комуникацијата. Често остава по некоја белешка од времето како партизан и учесник во НОБ и незаборавни доживувања од Втората Светска Војна. 

Дедо Блажо, најголем дел од работниот век го поминал како земјоделец и со саати минувал со својот трактор по нивите во Белче. Во слободно време помагал во селската црква, и обожавал многу да патува. Тој денес живее со својот внук Никола Тоце и семејството.

Градоначалникот и Општина Демир Хисар одлучи да му додели покрај поклон торта и скромен финансиски подарок во знак дека почитуваме секого во нашата општина. 

- Од дедо Блажо има многу што да се научи бидејќи во себе има еден век искуство, видел се низ животот, а и знае да го живее, рече меѓудругото градоначалникот Стојановски. 

.

belce blaze

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер