РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ PDF Печати
Вести
Penzioneri-1

Општинското здружение на пензионерите од  Демир Хисар беше домаќин на традиционалните регионални спортски натпревари. Стотина пензионери од Ресен, Прилеп, Крушево и градот домаќин, Демир Хисар, се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини и шах. На свеченото отворање што се одржа во дворот на СОУ „Крсте Петков Мисирков“,  учесниците ги поздрави градоначалникот Тони Ангелевски.

Тој рече, дека во духот на севкупната поддршка на владата и нејзините проекции за подобрување и животниот стандард  и овозможување достоинствен, стабилен и посреќен живот на сите корисници на пензија, и општината води посебна грижа. Во периодот што следува, како што рече градоначалникот, со новоизбраното раководство на Здружението од  Демир Хисар, ќе се применуваат  нови практики, форми и алатки на заедничка соработка и поддршка. Новоизбраниот претседател Драган Ангелевски и градоначалникот наскоро ќе потпишат меморандум за соработка.

Градоначалникот Ангелевски се сретна и разговараше и со претседателот на Републичкиот одбор на сојузот на пензионерите, Драги Аргировски. Потенцирана е добрата меѓусебна соработка со заедничко ветување и заложба за интензивирање на конкретни проекти. Во таа смисла, градоначалникот Ангелевски понудил, идната година Демир Хисар да биде домаќин на 10-та јубилејна традиционална ревија на песни и игри на пензионерите од цела Македонија. Исто така, зависно од  динамиката на изградбата на дел од спортските објекти во градот, идната година Демир Хисар да биде домаќин на Републичкиот натпревар на пензионерите од цела Македонија. Републичкиот одбор на пензионерите и општината Демир Хисар, исто така, наскоро ќе потпишат меморандум за соработка.

Регионалните натпревари се одржаа во просториите и на полигоните на СОУ „Крсте Петков Мисирков“, а не учествуваше само екипата на пензионерите од Битола.

Penzioneri-3Penzioneri-2Penzioneri-4Penzioneri-5Penzioneri-6Penzioneri-7
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер