СЛУЖБЕНИОТ ГЛАСНИК НА „Е-ОПШТИНА“ PDF Печати
Вести

Sl._glasnikВо рамките на имплементацијата на проектот „Е-општина“, општината Демир Хисар на својот службен веб портал започна со јавно објавување на Службениот гласник.

Во согласност со закон, во Службениот гласник на општината се објавуваат сите акти што се гласаат во Советот на општината, како и други акти што во согласност со законските овластувања и надлежности ги донесува граоначалникот. Најновите броеви на Гласникот, графички се уредуваат во нов, редизајниран формат.

Со спроведувањето на оваа фаза од проектот „Е-општина“ се прави значаен исчекор во исполнување на законските обврски, но и во транспарентноста, односно отчетноста на локалната самоуправа.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер